Енергетика

Нови цени на горивата од полноќ

13.01.2025 13:59

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 73,5 денари по литар...

Цената на горивата се зголемуваат од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 73,5 денари по литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се зголемува исто за 1 денар и од утре ќе се продава по цена од 81,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 1,5 денари, и од утре ќе изнесува 78 денари по литар.

Поскапува и екстралесното масло за домаќинство за 1 денар, и ќе се продава за 73 денари, додека опаѓање има само во цената на мазутот за 0,4 денари, и од утре ќе се продава по цена од 45,3 денари по килограм.