Кина
Кинезите изградија тунел долг 22 километра
13.01.2025 20:41
Во новата година Кинезите се подготвени за нов инфраструктурен проект.

Во новата година Кинезите се подготвени за нов инфраструктурен проект.
Тоа е најдолгиот тунел на автопатот Тианшан Шенгли, кој Кина го изгради и планира да го отвори во 2025 година.
Тунелот долг 22,13 километри минува низ планините Тианшан, еден од најголемите планински масиви во светот и низ регионот Ксинџијанг, каде што, кога ќе биде пуштен во употреба, ќе го намали времето на патување низ планинскиот премин од три часа на само 20 минути.
Како што објавија државните медиуми, ова е дел од автопатот долг 319,72 километри што ќе ги поврзе двата најнаселени града во регионот – Урумчи и Корлу.
