Апел за внимателност на минусните температури
20-ина граѓани амбулантски третирани поради скршеници во старата градска болница „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Апел за внимателност на минусните температури.

22-ца граѓани, повредени при паѓање побарале помош во старата градска болница „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Најчесто страдаат горните екстремитети, објаснуваат лекарите. Директорот на Универзитетската клиника, Небојша Настов за МТВ вели дека за среќа, меѓу повредените нема повозрасни лица.
Дел од граѓаните со кои поразговаравме велат дека се задоволни од тоа како се исчистени улиците и тротоарите, други пак се жалат дека имаат потешкотии при пешачењето.
Да не се излегува од дома, освен ако не е неопходно, да се носат соодветни обувки, а поранливите категории да користат и помагала при пешачењето, советуваат лекарите. Особена внимателност ќе биде потребна во наредните денови, кога се очекуваат и температури длабоко во минусот.
Марија Котовска
