Влада

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско-Дреново

14.01.2025 08:09

Делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус 1 километар од делницата Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и свој говор ќе има на пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново (дел од експресниот пат Градско-Фариш). Делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус 1 километар од делницата Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат.

Вредноста на проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот, соопштуваат од владината прес-служба.

Делот што се пушта во употреба содржи 3 клучки Градско, Росоман, Дреново, 4 вијадукти, 1 мост, 4 надпатници и 3 подпатници.