Руте: Важно е зајакнувањето на одбраната
Руте ја советуваше Европската унија да не создава бариери што ќе ги исклучат земјите на НАТО кои не се членки на ЕУ да учествуваат во иницијативите за одбранбената индустрија...

Генералниот секретар на НАТО, Руте ја советуваше Европската унија да не создава бариери што ќе ги исклучат земјите на НАТО кои не се членки на ЕУ да учествуваат во иницијативите за одбранбената индустрија.
„Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа. Ние не сме во војна, но не сме ниту во мир. Добрата вест е дека знаеме што да правиме за да ги заштитиме нашите луѓе сега и долгорочно. Тоа значи дека треба да инвестираме повеќе во одбраната. Ова не може да чека. Мораме да ја зголемиме отпорноста на нашата заедница и критичната инфраструктура, мораме да ја одржиме и засилиме нашата поддршка за Украина за да ја промени траекторијата на војната и да ја одврати натамошната руска агресија во иднина“, изави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
