Австралија не ги поддржува санкциите кон Русија
Австралискиот премиер кој неколку пати телефонски разговарал со рускиот претседател, ги потенцираше заложбите на Путин за враќање на посмртните останки на загинатите патници од Малезискиот Боинг...

Австралија нема да ги следи Европската унија и Соединетите американски држави во зголемувањето на санкциите против Русија, изјави австралискиот премиер Тони Абот. Посочи дека Австралија нема намера да се приклучи кон санкциите чија цел е да го притиснат Путин да ја прекине поддршката за про-руските бунтовници.
„Станува збор за спорна територија. Ние не заземаме страни во геополитичките натпревари од Источна Европа, барем засега. Се што сакаме е да ги донесеме дома нашите починати“, изјави премиерот на Австралија, Тони Абот.
Австралискиот премиер кој неколку пати телефонски разговарал со рускиот претседател, ги потенцираше заложбите на Путин за враќање на посмртните останки на загинатите патници од Малезискиот Боинг, од кои што 28 беа австралиски државјани.
