Собрание

Гаши на средби со Филипиду и Матиас денеска во Собрание

14.01.2025 08:44

Во посета на Собранието денеска ќе престојува и специјален претставник на Норвешка за Западен Балкан, и амбасадорката на Грција во Македонија, Софија Филипиду ...

Амбасадорката на Грција во земјава Софија Филипиду денеска ќе го посети Собранието.

Во посета на Собранието денеска ќе престојува и специјален претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиас.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Филипиду и Матиас ќе остварат средба со претседателот на Собранието Африм Гаши.