САД

И натаму беснеат шумските пожари во САД

14.01.2025 09:06

Над 20 лица загинаа во огнената стихија, дестици се водат за исчезнати. Силниот ветер и натаму проблем за противпожарните единици...

Пожарникарите ја продолжија битката со пламените јазици во Калифорнија. Над 20 лица загинаа во огнената стихија, дестици се водат за исчезнати. Силниот ветер и натаму проблем за противпожарните единици.

„Во моментов сме фокусирани на две работи: спречување на пожарите и спасување животи и заштита на имотот“, изјави Кристин Кроули, противпожарна служба во Лос Анџелес.

„Критичните временски услови за пожари ќе продолжат до среда. Ветерот, во комбинација со ниска влажност ќе ја одржат многу висока заканата од пожар во целиот округ Лос Анџелес“, изјави началник Ентони К. Мароне, противпожарна служба во округот Лос Анџелес.

Штетата од шумските пожари во Јужна Калифорнија се проценуваат од 250 до 275 милијарди долари. Над 50 лица се уапсени поради грабежи во евалуираните области. Претседателот Бајден вели дека Конгресот треба да помогне во финансирањето на обновата по пожарите.