Денеска почнува 29 -то Светското првенство во ракомет
На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација. Македонија е во групата Д во Вараждин каде покрај нас сè уште и селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја...

Со натпреварот Италија – Тунис, вечер од 17:30 часот во Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал.
Покрај Хрватска, ко-домаќини на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка.
На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација. Македонија е во групата Д во Вараждин каде покрај нас сè уште и селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Најголеми фаворити за медалите се олимписките и трикратните последователни светски шампиони Данците. Нивни конкуренти ќе им бидат европските шампиони Французите, олимписките вицешампиони Германците, како и Швеѓаните, Хрватите, Норвежаните, Шпанците.
Титулата ја брани Данска која атакува на четвртиот наслов во низа.