Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции поради снегот
Во овие 254 интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се здобиле со повреди, но и некои кои завршиле со повреда во тепачка...

Поради снегот и појавата на голомразица, од 11-ти јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции.
Во овие интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се здобиле со повреди, но и некои кои завршиле со повреда во тепачка. Евидентирани се шест интервенции поради паѓање на снегот, луѓе повредиле нога, глава…
Да не се излегува без потреба, ова важи особено за децата и повозрасните. Секогаш да се почитуваат советите од АМСМ. Да се вози внимателно, да се носи зимска опрема, да не се надминува дозволената брзина со возилото, апелираат од Итната медицинска помош.