Архиепископот Стефан ќе го положи чесниот крст во Охридското Езеро за Водици
Празникот Водици традиционално се одбележува на 19-ти јануари. Чествувањата на Богојавленските празници во Охрид ќе се одбележат со сите црковни обичаи...

За првпат во поновата историја на празнувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, чесниот крст во водите на Охридското Езеро ќе го положи архиепископот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија, неговото блаженство господин господин Стефан.
„На голема радост на сите верници оваа година водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление – Водици, ќе ги освети и ќе го положи Светиот крст Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан“, се вели во соопштението.
Празникот Водици традиционално се одбележува на 19-ти јануари. Чествувањата на Богојавленските празници во Охрид ќе се одбележат со сите црковни обичаи, но ќе има и сенародна веселба во организација на локалната самоуправа.
