Украина
Германскиот министер за одбрана во ненајавена посета на Киев
14.01.2025 17:37
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска е во Киев на разговори со украинската влада, посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска е во Киев на разговори со украинската влада, посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини.
По неговото пристигнување, Писториус рече дека сака да разговара за понатамошната помош и да добие увид во воената ситуација.
„За мене е важно да покажам со ова патување дека продолжуваме активно да ја поддржуваме Украина“, изјави Писториус.
