Шпанскиот премиер предлага 100 проценти данок за домовите што ќе ги купат странци
Шпанскиот премиер Педро Санчез предложи низа мерки за борба против станбената криза во земјата, вклучително и данок од 100 отсто за купување домови од странци кои не се резидентни на ЕУ.

Шпанскиот премиер Педро Санчез предложи низа мерки за борба против станбената криза во земјата, вклучително и данок од 100 отсто за купување домови од странци кои не се резидентни на ЕУ.
Санчез рече дека мерката ќе наметне даночна стапка од 100 отсто на вредноста на имотот за граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на ЕУ, а не живеат во Шпанија кога купуваат куќа во Шпанија, со цел да се „приоритизира“ домувањето за жителите и борба против „шпекулативното туристичко користење на имотите“.
Санчез на економски форум во Мадрид изјави дека мерката е „без преседан“ за Шпанија, но веќе е во сила во земји како Канада и Данска, е „соодветна и многу неопходна“ во однос на моменталната станбена криза.
