Оризопроизводителство
Средба за проблемот со откупот на оризот
14.01.2025 12:39
Оризопроизводителите минатата недела најавија дека ќе протестираат оти околу два месеца нема откуп на оризовата арпа, а цената е ниска и е на ниво од пред три години...

Оризопроизводителите денеска на средба со министерот за земјоделство – ќе се договараат насоки за откуп на оризот.
Оризопроизводителите минатата недела најавија дека ќе протестираат оти околу два месеца нема откуп на оризовата арпа, а цената е ниска и е на ниво од пред три години. Велат дека околу 80 проценти од минатогодишната реколта е во амбарите и стои неоткупена.
