Србија

Во Белград нападнати студенти кои го блокирале Правниот факултет

14.01.2025 12:44

Додека Белград синоќа на полноќ, прославувајќи ја дочекуваше Старата нова година, нападнати и повредени студенти на Правниот факултет што се во студентските блокади и протести...

Додека Белград синоќа на полноќ, прославувајќи ја дочекуваше Старата нова година, во три инциденти предизвикани од непознати лица беа нападната и повредени шест студенти кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет.

„Во вториот инцидент имаше неколку повредени, по што успеавме да се затвориме во зградата на факултетот. Трет пат кога дојдоа не пцуеја и навредуваа. Потоа излегов на тротоарот пред Факултетот каде непознато лице собори девојка, а друго момче ме удри во глава. Фала му на Бога, никој нема сериозни повреди. Една колешка беше турната на скалите. Во основа, сите добивме повреди на главата. Не напаѓаа со сè што им беше на дофат“, изјави Лука Давидовиќ, студент на Правниот факултет.

Студентите бараат лицата кои ги нападнаа да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети.

Полицијата уапси едно лице осомничено за учество во нападот и соопшти дека интензивно се работи на расветлување на сите факти и околности на инцидентот.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ