Пациенти со симптоми на грип ги полнат амбулантите
Страдаат и возрасните и децата. Грипот лесно се пренесува. Лекарите велат, за разлика од настинките, грипот почнува одеднаш и може да трае по две недели.

Болки во зглобовите и мускулите, покачена температура која трае со денови, кашлица-пациенти со симптоми на грип ги полнат амбулантите. Страдаат и возрасните и децата. Грипот лесно се пренесува. Лекарите велат, за разлика од настинките, грипот почнува одеднаш и може да трае по две недели. Граѓаните што се вакцинирале, годинава барем засега се спасиле од сезонскиот грип.
Најризични се децата, кај нив грипот може многу брзо да прогресира. Треба да се избегнуваат групирања и контакти со повеќе луѓе, но и да се води поголема грижа за хигиената, за да се спречи ширење на грипот. Грипот е тешка вирусна и респираторна инфекција.
Од почетокот на сезоната од грип во земјава заболеле околу 1.350 граѓани. Само последната недела над 330. Според епидемиолозите, сè уште не е достигнат пикот, се очекува кон крајот на месецот, откако во училиштата ќе стартува второто полугодие.
Грипот може да даде сериозна клиничка слика. Лекарите велат дека симптомите на грип ако вообичаено траеа од 7 до 14 дена, сега тие се пролонгирани за 4 до 5 дена повеќе.
Александра Спировска
