Србија
Вучиќ ја повика парламентарната опозиција да побара референдум за негова доверба
14.01.2025 20:14
За утре претседателката на Собранието, Брнабиќ најави поднесување 100 потребни потписи од владејачкото мнозинство за одржување на референдумот...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја повика парламентарната опозиција да побара советодавен референдум за негова доверба по извештаите на невладината организацијата „Црта“ дека огромно мнозинство граѓани се за негова смена.
За утре претседателката на Собранието, Брнабиќ најави поднесување 100 потребни потписи од владејачкото мнозинство за одржување на референдумот.
