Временска прогноза

Наутро студено, преку денот променливо облачно

15.01.2025 08:12

Во планинските региони повремено ќе провејува слаб снег...

Наутро студено, преку денот претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во планинските региони повремено ќе провејува слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од-2 до 5 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено, со услови за повремен слаб снег.