МНР
Муцунски на работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ
15.01.2025 08:19
Состанокот се организира во рамките на воспоставената пракса на одржување на редовни работни средби со амбасадорите за размена на мислења за актуелни прашања од процесот на нашата интеграција во Европската унија...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи работен појадок со амбасадорите на земјите членки на Европската унија акредитирани во земјава.
Состанокот се организира во рамките на воспоставената пракса на одржување на редовни работни средби со амбасадорите за размена на мислења за актуелни прашања од процесот на нашата интеграција во Европската унија.
