Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информираат од АМСМ.
Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка и Струмица – Берово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
