БЛИСКИ ИСТОК

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

15.01.2025 08:37

Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на десетици заложници...

Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на десетици заложници. Според посредниците, Израел и палестинската милитантна група се на најблиската точка до склучување договор и чекор поблиску до ставање крај на 15-месечната војна.

„Арапската лига, земјите од регионот и пошироко, сите ја потврдија својата поддршка. Хамас, единствениот кочничар, сега целосно изолиран, конечно ја прифати рамката на претседателот Бајден“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

„Првиот чекор ќе се спроведе во рок од 42 дена. И во тие денови, ако се постигне договор, ќе почнеме да преговараме нешто повеќе од две недели за втората фаза, која, се разбира, ќе биде покомплицирана“, изјави Гидеон Саар, министер за надворешни работи на Израел.

Соединетите Американски Држави, Египет и Катар ја поминаа изминатата година обидувајќи се да посредуваат за завршување на војната и да обезбедат ослободување на десетици заложници заробени во нападот на Хамас на 7-ми октомври 2023 година.