Џерард: „Најтешките три месеци во животот“
Џерард направи кардинална грешка против Челзи и по негова вина Демба Ба постигна гол во натпреврот којшто лондонските сини го добија со 2-0, а по него Ливерпул му го препушти челното место на табелата на Манчестер сити...

Стивен Џерард јавно го соопшти она што фудбалските познавачи лесно можеа и самите да го заклучат, а тоа е дека минатите неколку месеци се најлошите во кариерата на англискиот фудбалер. Иако водеше во поголемиот тек од сезоната, Ливерпул не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата, а англиската репрезентација претрпе елиминација во групната фаза на Свестското првенство во Бразил.
Џерард направи кардинална грешка против Челзи и по негова вина Демба Ба постигна гол во натпреврот којшто лондонските сини го добија со 2-0, а по него Ливерпул му го препушти челното место на табелата на Манчестер сити.
„Минатите три месеци се можеби најтешките во мојот живот. Добив поткрепа од луѓето што се околу мене, но со некои работи човек треба да се бори сам“, вели Џерард, кој разочарувањето од клупската сезона сакаше да го надополни со репрезентативен успех на Мундијалот во Бразил. Но и тоа не му успеа.
„За краток временски интервал примив два тешки удара. Тоа е добар тест за мене пред почетокот на новата сезона. Дали ќе бидам подготвен. Верувам дека можам“ изјави Џерард.
