Македонија
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
15.01.2025 08:52
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени-10 степени, висината на снежната покривка во 7 часот била 60 сантиметри...

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени-10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6 во Берово, -3 во Битола, Дебар, Прилеп, Тетово, Крива Паланка и Претор, -2 во Охрид, Виница, Куманово и Штип, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица и Демир Капија, 0 во Велес, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била 60 сантиметри на Попова Шапка, 53 во Маврови Анови, 36 во Крушево, 28 во Битола, 25 во Дебар, 24 во Тетово, 21 во Штип, 20 во Демир Капија, 18 во Берово и Прилеп, 14 во Претор, 12 во Виница и Струмица, 8 во Охрид, 4 во Крива Паланка.
