Се очекува одлука од Европската комисија за превозниците
На 15-ти јануари Европската комисија треба уште еднаш да расправа за барањето на превозниците од Балканот, Турција и од Молдавија кои бараат изземање од правилото за престој.

На 15-ти јануари Европската комисија треба уште еднаш да расправа за барањето на превозниците од Балканот, Турција и од Молдавија кои бараат изземање од правилото за престој.
Превозниците од земјава, како и оние од регионот, ќе се соочат со дополнителни трошоци и отежнато работење во земјите од Европската унија, ако Европската комисија не го прифати нивното барање да ги ослободи професионалните возачи од обврската да се придржуваат на ограничениот престој во земјите од Шенген зоната на 90 односно 180 денови. Унијата веќе еднаш го одби нивното барање за изземање за ограничен престој во шенген зоната и им предложи професионалните возачи да аплицираат за продолжување на престојот во Шенген зоната што, пак, ќе значи дека ќе треба да добијат работна виза која подразбира вработување и обезбеден престој во Шенген зоната.
