Партиите притискаат за разрешување на Даути
Илире Даути на која и беше изгласана интерпелација зашто го прекршила Деловникот за работа на законодавниот дом, партиите притискаат за нејзино разрешување...

Откако собранискиот спикер, Африм Гаши рече дека за него е затворено прашањето за претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути на која и беше изгласана интерпелација зашто го прекршила Деловникот за работа на законодавниот дом, партиите притискаат за нејзино разрешување.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Даути повеќе не е подобна да ја води оваа комисија. Левица, пак, по изјавите на Гаши соопшти дека ќе достави предлог за разрешување на Даути, бидејќи според нив, не смее да се дозволи деградирање на уставниот институт „интерпелација“.
Пратеничката Даути фрли ракави – таа го повика спикерот Гаши да свика пленарна седница за поништување на нејзиниот отповик, како услов да се согласи и понатаму да ја води оваа комисија.
