Радев денеска ќе го предаде мандатот за состав на влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС
Се очекува да се формира мнозинство кое ќе ги вклучува БСП – Обединета левица и „Има таков народ“, а кабинетот на Жељазков се очекува да има парламентарна поддршка од блокот на Ахмед Доган, кој формално не би бил дел од владата...

По повеќе од два месеца од предвремените парламентарни избори одржани на 27-ми октомври, бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер, Росен Жељазков од ГЕРБ-СДС.
Се очекува да се формира мнозинство кое ќе ги вклучува БСП – Обединета левица и „Има таков народ“, а кабинетот на Жељазков се очекува да има парламентарна поддршка од блокот на Ахмед Доган, кој формално не би бил дел од владата.
Советот на министри ќе го сочинуваат премиер, тројца вицепремиери и 19 министри. БСП во владата ќе има четворица министри и еден вицепремиер, а „Има таков народ“ четворица министри.
Новата бугарска влада ќе се гласа в четврток.
