СДСМ: „Кошничките“ на власта се целосно промашување
Оваа сурова реалност која граѓаните ја гледат во маркетите и продавниците секој ден е најголем показател за фарсата којашто ја приреди власта...

Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со така наречени кошнички се покажаа како целосно промашување. Цените не се намалија, туку за одредени производи и се зголемија. „Кошничките“ донесоа поголема скапотија за граѓаните. Зејтинот, јајцата, шекерот, млечните производи, грашакот, гравот, леќата, сѐ е поскапено, соопштуваат од опозициската СДСМ.
Оваа сурова реалност која граѓаните ја гледат во маркетите и продавниците секој ден е најголем показател за фарсата којашто ја приреди власта. Од „кошничките“ се збогатија големите трговци, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од партијата.
Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат тоа –цените растат, граѓаните имаат се поголеми трошоци за живот а се помалку пари во цебовите. Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, основните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%- стои во соопштението.
