Македонија

Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку дена е исчезнатата Лидија

15.01.2025 12:24

Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар кај Зелениково е идентификувано...

Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар, кај Зелениково, е идентификувано.

По ДНК анализата, утврдено е дека станува збор за исчезнатата 43-годишната Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери, која од 8-ми ноември минатата година се водеше за исчезната.

Информацијата ја потврди и нејзиното семејство.