Работен појадок на министерот Муцунски со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски на средба со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ. Главна тема на разговорите, проширувањето и нашата интеграција во Унијата. Муцунски вети реформи, но, побара процесот да остане кредибилен и да нема условување...

Ни се случува постојана билатерализација на пристапниот процес и условување со прашања, спротивни на европските вредности, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во своето обраќање пред амбасадорите на земјите-членки на Европската унија. Сепак, тој вели дека Македонија останува посветена на реформите, а европската интеграција и натаму зазема централно место на владината агенда, со проактивен пристап кон добрососедските односи.
Новото раководство на Европската унија внесе нова енергија во процесот на проширување и го стави во фокусот на својата агенда, порача евроамбасадорот во Скопје, Михалис Рокас.
Тој посочи дека во однос на реформската агенда во Македонија, особено внимание треба да се посвети во сферата владеење на правото.
Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски, организираше работен појадок со амбасадорите на земјите членки на Европската унија, кој, како што рече, претставува можност за рефлексија на случувањата од минатата година и дискусија за приоритетите во новата.
Марија Котовска
