ТРГОВИЈА

Завршува „Новогодишната кошница“

15.01.2025 13:14

Завршува важноста на „Новогодишната кошница“, со која околу 1.200 производи се продаваа со ограничена маржа од 10 проценти. Власта вели, мерката била успешна...

Кој испазари, испазари. Завршува важноста на „Новогодишната кошница“, со која околу 1.200 производи се продаваа со ограничена маржа од 10 проценти. Власта вели, мерката била успешна. Граѓаните стравуваат дека трговците повторно ќе ги зголемат цените.

Известува Борис Грујоски.