За власта мерката „Новогодишна кошница“ успешна, за опозицијата – промашување
Заврши важноста на „Новогодишната кошница“. За власта – мерката успешна, за опозицијата – промашување. Граѓаните со поделени мислења...

Празниците завршија, заврши и „Новогодишната потрошувачка кошница“, преку која граѓаните можеа да пазаруваат поевтино. На листата беа опфатени 1.178 производи од 96 производители и дистрибутери. Од Министерството за економија велат – мерката била успешна и ги исполнила очекувањата.
„Акцијата „Новогодишна кошница“ беше успешна и придонесе за намалување на цените на производите кои што беа вклучени во неа. Трошоците за храна и пијалаци во декември се намалени за 0,3%“, велат од Министерството за економија.
За СДСМ, новогодишната кошница била промашена политика.
Граѓаните со поделени мислења.
Владината мерка беше во сила од 15-ти декември до 15-ти јануари.
По есенската и по „Новогодишната кошница“, сега следуваат рамазанска и велигденска кошница, кои треба да се објават неколку дена пред овие верски празници.
Борис Грујоски
