Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија
Инспектори и припадници на полицијата од Приштина упаднаа во српските институции на Косово и Метохија, окупирајќи ги и затворајќи ги објектите во десет општини по што српските работници биле принудени да ги напуштат.

Информацијата ја потврди и косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечља кој акцијата ја опиша како крај на ерата на паралелни и криминални општини и институции на Србија во земјата.
Поради последните потези на Приштина директорот на канцеларијата за Косово и Метохија и главен преговарач на Белград, Петар Петковиќ, ја напушти средбата во Брисел каде требаше да се одржи седницата на Мешовитата комисија за исчезнати лица, како прв чекор за спроведување на договорот од дијалогот.