Собрание

Собранието ќе ја одржи 30. седница

16.01.2025 08:09

На дневен ред се вкупно 26 точки меѓу кои и Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра и Предлог-измените на Законот за јавните набавки, сите во второ читање...

Собранието денеска ќе ја одржи 30-та седница на која на дневен ред се вкупно 26 точки меѓу кои и Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра и Предлог-измените на Законот за јавните набавки, сите во второ читање.

Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, пратениците ќе дискутираат и по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Либан, Предлог-одлуката за објавување јавен оглас за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог одлуката за објавување јавен оглас за член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, како и Предлог одлуката за избор на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.

Во рамки на оваа седница по скратена постапка се поднесени неколку предлог-закони како што се измените на Законот за услуги, Законот за таксата за привремен престој, Законот за трговија, Законот за угостителската дејност, Законот за туристичката дејност, Законот за градежните производи, Законот за класифицирани информации, Законот за санитарната и здравствената инспекција.

Во прво читање на дневен ред има неколку закони кои главно се од економската сфера.