Предложен новиот состав на Лустрациската комисија

30.07.2014 13:05

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата предложи нов состав на Комисијата за верификација на фактите...

Предложен новиот состав на Лустрациската комисија. Томе Аџиев за претседател, Асен Илма за заменик. Од 11 – те члена на комисијата, пет се од стариот состав, шестмина се нови.

Меѓу нив и екс пратеничката Ристана Лалчевска, која на претходниот оглас се јави и беше поддржана од Либералната партија.

За да се потврди составот на Комисијата за верификација на фактите, е потребно двотретинско мнозинство.