САД

Проштален говор на Бајден: Се создава опасна олигархија

16.01.2025 08:26

Проштален говор на американскиот претседател Џозеф Бајден. Во обраќањето од Белата куќа предупреди на зголемените опасности од „олигархија“ и неограничена моќ во рацете на најбогатите...

Проштален говор на американскиот претседател Џозеф Бајден. Во обраќањето од Белата куќа предупреди на зголемените опасности од „олигархија“ и неограничена моќ во рацете на најбогатите. Истакна дека за време на неговата администрација е постигнат значителен напредок во економијата, намалувањето на инфлацијата, усвојувањето на законодавството за безбедноста на оружјето, климатските промени, како и зајакнувањето на меѓународните сојузи.

Во присуство на блискиот круг на семејството и соработниците, тој ја истакна важноста од зачувување на институционалните вредности на Америка, ограничувањето на моќта на претседателот и повика на промена на американскиот устав за укинување на претседателскиот имунитет. Најави дека ќе остане активен во политиката по неговиот заминување од функцијата.

„По 50 години во центарот на сето ова, знам дека вербата во идејата за Америка значи почитување на институциите што управуваат со слободно општество, претседателството, конгресот, судовите, слободниот и независен печат. Во изминатите четири години нашата демократија се одржа силна. И секој ден ја одржував мојата посветеност да бидам претседател на сите американци во еден од најтешките периоди во историјата на нашата нација. Ми беше чест, заедно почнавме нова ера. Ќе биде потребно време за да се почувствува целосното влијание на она што го направивме заедно, но семето е засадено и ќе расте и цвета со децении“, рече во своето обраќање амероканскиот претседател, Џозеф Бајден.