Собрание

Денеска ќе заседаваат две комисии во Собрание

16.01.2025 08:36

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе дискутираат по Предлог-измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и Предлог-измените на Законот за еднакви можности на жените и мажите...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе дискутираат по Предлог-измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и Предлог-измените на Законот за еднакви можности на жените и мажите, двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Предлог-измените на Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Либан, во второ читање.