САД
Тројца уапсени во Калифорнија за подметнување шумски пожари
16.01.2025 08:44
Полицијата во Калифорнија уапси три лица за подметнување шумски пожари во Лос Анџелес додека огнената стихија и натаму беснее во округот...

Полицијата во Калифорнија уапси три лица за подметнување шумски пожари во Лос Анџелес додека огнената стихија и натаму беснее во округот.
Според надлежните, критичните временски услови засега поминаа, но нови ветрови се очекуваат веќе наредната недела. Пожарникарите велат дека опасноста и натаму е висока.
Во пожарот досега загинаа 24 луѓе, десетици се исчезнати, а штетите се проценуваат од 250 до 275 милијарди долари.
