Романија

Симон Трпчевски со „Македонисимо“ во Романија

16.01.2025 08:56

Делото од богатата македонска традиционална музичка ризница низ аранжманите на Панде Шахов ќе се најде на програмското концертно „мени“ заедно со дела од Шостакович и Гершвин...

Нашиот светски познат пијанист Симон Трпчевски утревечер со оркестарската изведба на проектот „Македонисимо“ во Романија ја стартува концертната 2025 година.

Придружувани од Симфонискиот оркестар на Филхармонијата Банатул од Темишвар, под диригентстака палка на Раду Попа, „Македонисимо Квинтетот“ на овој концерт ќе го сочинуваат и Владимир Крстев на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките ќе биде Влатко Нушев. Делото од богатата македонска традиционална музичка ризница низ аранжманите на Панде Шахов ќе се најде на програмското концертно „мени“ заедно со дела од Шостакович и Гершвин.