ракомет
Македонија одигра реми против Унгарија, Кузмановски најефикасен играч
16.01.2025 09:13
Машката репрезентација на Македонија во првото коло од групната фаза на Светското првенство одигра реми против силната Унгарија, 27:27, иако можеше да освои два големи бода...

Македонија синоќа одигра нерешено со Унгарија на првиот натпревар на Светското ракометно првенство во Вараждин, Хрватска, 27:27 (14:14) и освои еден бод.
Капитенот Филип Кузмановски синоќа со 10 гола беше најефикасен играч и најдобар поединец на натпреварот Македонија – Унгарија 27-27.
Во следното коло, македонската ракометна репрезентација во петок игра со Холандија. Во нашата група се Унгарија, Холандија и Гвинеја.
