Индонезија

Индонезија евакуира 3.000 луѓе поради ерупција на вулканот Ибу

16.01.2025 09:14

Ерупцијата е последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на пацифичкиот „огнен прстен“ и има 127 активни вулкани...

Индонезиските власти наредија итна евакуација на околу 3.000 луѓе на островот Халмахера, откако еруптираше вулканот Ибу исфрлајќи пепел во висина од четири километри.

Ерупцијата е последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на пацифичкиот „огнен прстен“ и има 127 активни вулкани.

Вулканот Ибу и минатата година имаше серија ерупции, а во мај поради тоа мораа да бидат евакуирани жителите од седум околни села.