Бугарија
Бугарските пратеници денес гласаат за кабинетот на Жељазков
16.01.2025 09:17
По четири години неуспех да формира одржлива влада и повторени предвремени парламентарни избори, Бугарија е на прагот да добие нов кабинет...

По четири години неуспех да формира одржлива влада и повторени предвремени парламентарни избори, Бугарија е на прагот да добие нов кабинет.
Пратениците во Националното собрание гласаат за владиниот состав на Жељазков, кандидат за премиер од ГЕРБ-СДС, откако претседателот Радев му го врачи мандатот. Се очекува да се формира мнозинство кое ќе ги вклучува Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“, а парламентарна поддршка се очекува и од блокот на Ахмед Доган, кој формално не би бил дел од владата.
Советот на министри ќе го сочинуваат премиер, тројца вицепремиери и 19 министри.
