МВР

Приведен криминалец баран со потерница

16.01.2025 18:42

Полициски службеници од ОВР Неготино го привеле М.А.(34) од село Корешница, демиркаписко, кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Неготино за издржување казна затвор од една година...

Вчера во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле М.А.(34) од село Корешница, демиркаписко, кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Неготино за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

М.А. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.