Бугарија доби нова влада
Парламентот го избра Росен Жељазков за премиер кој беше номиниран од најголемата политичка сила – ГЕРБ. Изгласана е и структурата на Советот на министри...

По четири години неуспех да формира одржлива влада и повторени предвремени парламентарни избори, Бугарија доби нов кабинет. Парламентот го избра Росен Жељзков за премиер кој беше номиниран од најголемата политичка сила – ГЕРБ. Изгласана е и структурата на Советот на министри.
Повторно гласаа 239 пратеници – 125 го поддржаа составот на кабинетот Жељазков, 114 беа против, 0 воздржани. На Бугарија ѝ е потребна редовна влада за да спроведе политики кои гарантираат владеење на правото и социјална заштита бидејќи земјата е во криза на доверба, рече Жељазков.
Според него, квалитетот на животот на луѓето со фокус на образованието и здравството ќе биде приоритет на оваа влада. Меѓу важните задачи што ги наброја беа и одржливите финансии, балансиран буџет и пристапувањето во еврозоната.
