Поголема соработка во областа на заштита на животната средина помеѓу Македонија и Словенија

30.07.2014 13:10

На средбата, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, се разговарало за тековните и идни проекти од областа на заштита на животната средина...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец.
 
На средбата, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, се разговарало за тековните и идни проекти од областа на заштита на животната средина.
 
Министерот Изаири и амбасадорот Раковец изразиле задоволство од досегашната плодна соработка меѓу Македонија и Словенија на полето на животната средина со уверување дека ќе продолжат иницијативите за унапредување на истата.