Хрватска
Уапсен студент во Сплит, најавил вооружен напад врз колегите и професорите
16.01.2025 18:17
Полицијата во Сплит вчеравечер уапсила 19-годишен студент на Филозофскиот факултет кој најавил вооружен напад врз неговите студентски колеги, професорите и целиот факултетски кадар.

Полицијата во Сплит вчеравечер уапсила 19-годишен студент на Филозофскиот факултет кој најавил вооружен напад врз неговите студентски колеги, професорите и целиот факултетски кадар.
Студентот пораката ја испратил во онлајн група, на која подоцна прикачил и фотографија на која држи пиштол, а нејзината вознемирувачка содржина загрижила група на лица кои настанот го пријавиле во полиција, пишуваат хрватските медиуми.
По пријавата, полицијата веднаш извршила проверки по кои откриле дека постојат елементи за кривично дело и кратко потоа го уапсила 19-годишникот.
