Свет

Украина меѓу војната и дипломатијата

16.01.2025 12:34

И Русија ќе мора да направи отстапки за да се дојде до мирот во Украина, изјави Марко Рубио, номинацијата на претседател Трамп за американски државен секретар на распитот во американскиот Сенат. Рубио со контрапрашања до сенаторите- каде се слеаја парите за воената помош за Украина? Во Полска, Зеленски побарал од премиерот Туск распоредување на европски мировници. Киев и Москва разменија воени заробеници.

Украинците имаат проблем, не со парите туку им недостигаат Украинци. И тоа што го направи Путин е неприфатливо, изјави на распитот во американскиот Сенат следниот државен секретар Рубио. Изрече, со дипломатски речник кажано, интересни ставови.

„Вистината е дека во овој конфликт Русија нема шанса да ја заземе цела Украина. Украинците се храбри и се борат, земјата е преголема. Но, војната мора да заврши и Вашингтон тоа го посакува. Неопходни се и руски отстапки, се надевам дека мирот ќе биде најавен со прекин на огнот, а потоа ќе следува тешката дипломатија“, изјави Марко Рубио, номиниран американски државен секретар.

Спроти назначувањето на Трамп, Зеленски се обидува да ги искористи и последните адути меѓу европските сојузници. Во Варшава, побарал полски мировници да се распоредат во можниот европски контингент во Украина.

„Зборувавме и за можните мировни преговори. Ако Украина не биде вклучена во преговорите, не може да се зборува за крај на војната. Таму мора да има и претставник од Полска, како земја сосед на Украина“, нагласи Анджеј Дуда-претседател на Полска.

„Имаме ист непријател, тоа е Русија. Во војната ги браниме европските вредности, пред сè на нашите соседи. Затоа ни е потребно единство, сметаме на тоа. Ако Украина не биде силна, Русија ќе продолжи натаму, по Украина“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Британскиот премиер Стармер во Украина го одбележува едно вековното пријателство. Зад кулисите на средбата е новата воена помош за Киев, којшто веќе ги поседува британските проектили со долг дострел „Сенка на бурата“. Војната незапирливо продолжува, Москва и Киев разменија заробеници.

Зоран Богатинов