Неизвесен договорот за прекин на огнот
Владата во Тел Авив го одложи гласањето за одобрување на договорот за прекин на огнот во Газа. Го обвини Хамас дека во последен момент менува услови...

Владата во Тел Авив го одложи гласањето за одобрување на договорот за прекин на огнот во Газа. Го обвини Хамас дека во последен момент менува услови, откажувајќи сè од некои делови од договорот за заложници.
„Владата сака договорот да се финализира, но договор кој е постигнат од двете страни. Од Кабинетот соопштија дека останува несогласувањето во дел од аспектите за кои мислевме дека се договорени, затоа сè додека не се финализира докрај, нема да биде ставен на гласање“, изјави Дејвид Менсер, портпарол на израелската влада.
Хамас негира дека групата отстапува од договорот. Се заблагодарија на посредниците за постигнатиот успех, велејќи дека во Газа почнува нова фаза.
„Експлицитно велеа дека се обидуваат да го прекинат отпорот, да го елиминираат Хамас, да ги вратат заложниците со воена сила и да го променат лицето на регионот, додека нивната скриена цел била да ја ликвидираат палестинската кауза. Сега се соочуваме со нова фаза во Газа, фаза на изградба и реконструкција“, рече Калил ал-Хаја, в.д. шеф на политичкото биро на Хамас и главен преговарач.
Пред Кнесетот во Израел протести на семејствата, бараат договор со кој ќе се ослободат сите заложници.
„Министри и премиере, ако сакате да гласате за тој договор, за жал, овие ковчези нема да бидат само презентација. Следната недела Трамп и неговиот тим ќе бидат во Белата куќа. Заедно со новата влада во Америка, може да извршиме воен притисок врз Хамас и да ги вратиме сите заложници одеднаш“, изјави Јехошуа Шани, татко на убиен Израелец од 7-ми октомври.
Само неколку часа по објавувањето на постигнатиот договор, Израел изврши нови напади во енклавата. Десетици цивили се загинати и повредени. Доколку Израел го изгласа, прекинот на огнот треба да почне во недела. Меѓународната заедница и хуманитарните агенции велат дека договорот мора да се спроведе и одржи, повикувајќи ги двете страни да ги почитуваат условите.
„Ова ни дава надеж за трајно политичко решение за овој конфликт, решение со две држави со Израелци и Палестинци кои живеат рамо до рамо во безбедност и достоинство“, рече Џастин Трудо, премиер на Канада.
„Ова е ден на надеж, по 466 дена агонија и болка низ Блискиот Исток, конечно на овој ужас му дојде крајот“, изјави Дејвид Лами, министер за надворешни работи на Велика Британија.
„Подготвени сме да го поддржиме спроведувањето на овој договор и да ја зголемиме испораката на хуманитарна помош за Палестинците, затоа ги повикувам двете страни да ја олеснат брзата и безбедна достава до цивилите“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.
Договорот за прекин на огнот беше дочекан со радости и прослави во Газа. Примирјето ќе се одвива во три фази. Првично со постепено ослободување на 33 заложници во замена за стотици палестински заробеници од Израел, повлекување на израелските трупи од енклавата и враќање на раселените во домовите, по што ќе се овозможат преговори за ставање целосен крај на војната.

Бојана Крстевски