РКЕ

Дизелот поскапува за два денара, цената на бензините останува иста

16.01.2025 13:15

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се се зголемува за 2 денара по литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат...

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се се зголемува за 2 денара по литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулатрорната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 75,5 денари за литар.

За 1,051 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 46,336 денари.