Србија

Студентка во Белград тешко повредена при удар од автомобил, возачот е приведен

16.01.2025 18:45

Инцидентот се случи пред студентската кампања „Застани, Србија“ и петнаесетминутниот молк во кој студентите и граѓаните им оддаваат почит на загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад...

За време на комеморацијата за жртвите од уривањето на настрешницата на улицата „Рузвелтова“ во Белград, девојче е повредено кога возач на автомобил ја удри на тротоар и ја носеше на покривот од возилото, по што таа падна на тротоарот. Возачот побегна од местото на настанот.

Инцидентот се случи пред студентската кампања „Застани, Србија“ и петнаесетминутниот молк во кој студентите и граѓаните им оддаваат почит на загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Полицијата го уапси возачот осомничен дека ја удрил девојката.