Собрание

Прифатена оставката на Даути, дополнително ќе се одлучува кој ќе ја замени

16.01.2025 15:51

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Даути побара во рамки на 30 седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок...

Собранието ја прифати неотповикливата оставка што ја достави Илире Даути. Таа не е повеќе претседателката на Комисијата за труд и социјална политика. Настана кавга по нејзиното инсистирање веднаш да ја образложи оставката откако спикерот Гаши предложи тоа да биде на следната сесија.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија седницата пред образложението. Оставката беше прифатена од мнозинството, а Европскиот фронт дополнително ќе предложи претседател на комисијата. Левица ја поздрави оставката на Даути.

Интерпелацијата на Даути беше поднесена поради нејзиното прекршување на Деловникот со одбивање да ги стави на дневен ред измените на Законот за бранители.

Ирина Гелевска